Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна со реализација на програмата за уредување на Села во Општина Дебрца.
Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници.
Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од страна на ЈПКД Дебрца.
-Во наредниод период продолжуваме и во останатите населни места, се вели во соопштението од Општина Дебрца.