Skip to main content

општина дебрца

Општина Дебрца ќе додели финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Општина Дебрца ќе додели 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.
 |  инфодеск  | 

На вчерашната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Од Општина Дебрца информираат дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.