Skip to main content

општина дебрца

Општина Дебрца распиша конкурси за доделување стипендии на одличните ученици и студентите

Заинтересираните ученици и студенти треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број  5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-401/1 од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца,  објави конкурс за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2024/2025 година.

Повеќе информации на линкот.

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број  5/02) и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија, број 01-400/1, од 18.03.2025 година,  Градоначалникот на општина Дебрца, објави конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2024/2025 година.

Повеќе информации на линкот.