Skip to main content

општина дебрца

Општина Дебрца објави Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 07 и 08.04.2025 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе  од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од имотен лист или копие од договор за закуп ).
  • копие од трансакциона сметка.

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.

За сите дополнителни информации може да се обратат на тел. 046 286 855.

Повеќе информации на линкот.