Skip to main content

Општина Дебрца погодена од невреме

Големи штети остави зад себе силнот невреме кое вчера попладне ги зафати селата Оровник, Требеништа, Мешеишта. Врнежите од дожд и град оштетија цели површини со лозови насади како и останати градинарски култури. Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски, меѓу мештаните, вети обештетување на земјоделците.

 |  Николоска Биљана  | 
steta orovnik
штета оровник

steta orovnikСилно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот.

„Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на лешник, страотно беше. Моментално градоначалникот излезе на терен и имаме добра комуникација со него“.

 „На терен затекнавме лоша слика и подготвен сум да им помогнам на земјоделците“, изјави градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски. Додаде:„Ние, уште во текот на вчерашниот ден јас присуствував на лице место за да видам за што конкретно се работи и навистина има големи оштетувања и од страна на општина Дебрца ќе биде формирана комисија а во меѓувреме жителите од зафатените села од невремето треба да поднесат барање до општина Дебрца за да може комисијата да изврши увид и да се изврши проценка по што ќе се изготви елаборат и од страна на општината ќе биде испратен до Владата на РМ за надомест на штета од елементарни непогоди“.

steta orovnikГрадоначалникот на општина Дебрца, како сигурен начин за заштита од временски непогоди, на мештаните а посебно на земјоделците им сугерира да ги осигураат земјоделските насади.

„Земјоделците имаат можност да си го осигураат родот, со што од страна на државата му плаќаат 60% од вредноста на осигурањето, значи 40 % на сопствен товар, така да на овој начин би биле100 заштитени доколку се случи невреме осигурителните компании 100 % ја надокнадуваат штетат што ќе се настане“.

Сепак факт е дека македонскиот земјоделец сеуште нема навика, ниту традиција за осигурување на имотите. Идејата е добра но земјоделците сметаат дека не се доволно информирани и едуцирани.
Трајкоски за крај упати апел до сите оние кои не поднеле барање за обештетување тоа да го направат овие два дена, со цел навреме да се изготват записници и побрзо да им се надомести штетата.

{loadposition content9}