Skip to main content

општина дебрца

Општина Дебрца повторно финансиски ги поддржа најдобрите ученици

Од Општина Дебрца информираат дека и оваа година општината финансиски ги поддржа најдобрите средношколци и студенти; од Буџетот исплатени 558.000 денари за ученички и студентски стипендии.
 |  инфодеск  | 

Од Општина Дебрца информираат дека и оваа година општината финансиски ги поддржа најдобрите средношколци и студенти и дека од Буџетот за 2025 година исплатени се 558.000 денари за ученички и студентски стипендии.

  • Талентираните средношколци добија по 22.500 денари, за 9 месеци од училишната година,а студентите по 27.000 денари за 9 месеци од студиската година.
  • Дополнително, општината на сите завршени полуматуранти ќе им додели финансиска поддршка од по 5.000 денари.
  • На првенецот на генерација и пофалените ученици ,на посебен прием градоначалникот на општината ќе им додели плакети и парични награди,за првенецот на генерација 15.000 денари,а на пофалените ученици по 7.500 денари.

Во соопштението од Општина Дебрца им го честитаат завршувањето на учебната година на сите ученици, а на полуматурантите им посакуваат многу успех во понатамошното образование.