Општина Дебрца: Започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести – село Белчишта
Од Општина Дебрца информираат дека започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 1 /,во должина од 1400 метри.

За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари а дел од потребните средства ќе се дообезбедат од Буџетот на општината за 2025 година.
– Ги информираме граѓаните,особено оние кои имаат недвижен имот покрај патниот правец,дека трасата утврдена со проектот поминува исклучиво по имот на Република Македонија и затоа проектираната траса на одредени делови не се поклопува,односно отстапува од постојната траса/ која во одредени делови поминува низ приватен имот /. Отстапувањата од постојната траса претежно се од десната страна,кога се движите од Белчишта кон Злести. Тоа е направено така со цел да се избегнат долгите постапки за експропријација и да не се оддолжува имплементацијата на проектот, се додава во нивното соопштение.