Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2025 година
Од Општина Дебрца информираат дека го започнуваат процесот на креирање на буџетот на 2025 година и ги повикуваат сите граѓан да се вклучат со ницните идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.
Нивната цел е граѓаните да ги посочат клучните проблеми и предлози за нивната месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден во понеделник 25.11.2025 со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
-Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2025 година, велат од Општина Дебрца.