Skip to main content

Општина Охрид вработува хаусмајстор на неопределено време

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави јавен оглас за вработување на едно лице на неопределено време на работно место хаусмајстор.

Кандидатите треба да имаат најмалку завршено средно стручно образование, а работното искуство не е задолжително. Работното време е 40 часа неделно, додека основната нето-плата изнесува 30.154 денари.

Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со потребната документација на адреса Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „вработување по јавен оглас“.

Целосните услови, потребната документација и начинот на пријавување може да ги погледнете ТУКА.