Skip to main content

Вонредна седница

Општина Охрид додели финансиска помош за настраданите во земјотресот

Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.

За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Турција и 300.000 денари за настраданите во Република Сирија.

Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.