Општина Охрид со две мерки за олеснување на состојбата на ранливите категории
Две значајни мерки за охридските семејства од социјално ранливите категории доаѓаат од охридската Локална Самоуправа. 90 бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика по 30 од секоја област за невработени лица и студенти од Охрид, како и 600 денари, субвенционирање на трошоци за комунални такси, за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Олеснителни мерки за социјално ранливите граѓани на Охрид. Како дел од приоритетните активности и заложби на општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески денеска објави две значајни мерки со цел да се помогне на граѓаните од ранливите категории. До крајот на неделава ќе биде распишан Конкурс за доделување 30 бесплатни курсеви за англиски јазик 30 за германски и 30 за информатика на невработени лица и студенти во оптшина Охрид кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.
„Да се редовни студенти на факултетите во Р.Македонија или да се евидентираат како невработени лица во Агенцијата за вработување, со пријавата потребно е да ги достават и следните документи, потврда дека се редовни студенти за невработени лица потврда дека се невработени, извод од матична книга за родени и потврда за висина на примања на членовите на семејството на кандидатот“ – потенцира Бакрачески.
Во рамките на социјалната политика , општина Охрид паралелно со мерката за бесплатните курсеви ќе објави и јавен оглас за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како што информираше првиот човек на градот Бакрачески. Додаде дека вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600 денари месечно за секој корисник, а ќе треба да се исполнат и одредени услови.
„Да се државјани на Р. Македонија и жители на општина Охрид да се корисници на услугите на ЈП „Проаква“, „НИСКОГРАДБА“, „Охридски Комуналец“ и „Градски Гробишта“ и нормално да се подносители на барање за субвенционирање на комуналните услуги“ – појаснува Бакрачески.
Средствата за субвенционирање на комуналните услуги на граѓаните од ранливите категории ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Охрид. Додека пак проектот за обезбедување на бесплатни курсеви ќе биде рерализиран во соработка со Општинската установа, Отворен Граѓански Универзитет „Кузман Шапкарев“ каде и ќе бидат реализирани курсевите. Огласот ќе биде отворен 30 дена a потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви по англиски,германски јазик и информатика“ или во Архивата на општина Охрид. А што се однесува за субвенциите за комунални услуги, заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака ( “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ” ).
{loadposition content9}