Skip to main content

Општина Охрид работи на економско јакнење на жената

Засилено се работи на економско јакнење на жените во градот. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот.
 |  инфодеск  | 

Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Истражувањата покажуваат дека жените  ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот.

 Подготвен е и акционен план со конкретни  мерки и активности за вклучување на жената во сите програми на општина Охрид кои ке бидат родово сензитивни и финансиска поддршка во буџетот.

„Општина Охрид во соработка со националната платформа за женско претприемништво во блиска соработка со секторот за ЛЕР со целосна поддршка на Советот за женско претприемништво ја усвои Стратегијата. Тоа е документ кој е усогласен со сите законски регулативи на земјава и ЕУ. Овој документ направи прво сеопфатна анализа е база на податоци во кој се разработени податоците за вклученоста на жената во бизнисот на територијата на општина Охрид опфаќајки возраст, дејности, степен на управување и кои се нашите потенцијали и можности а претставува база за понатамошно градење на локални политики.“ – вели Ана Крстеска  заменик градоначалничка на општина Охрид.

Кога жените ги имаат истите права и можности како мажите, нивните семејства и општеството, ќе напредуваат и ќе бидат успешни. Економски силната жена е двигател на општеството.

„ Формираниот Совет за поддршка на женското претприемништво во Општина Охрид со својата работа за јакнење на капацитетите , за поголемо вклучување во бизнис секторот, за еднаков пристап до можностите и  фнансирањето итекако влијае за жената да биде еконосмки независна и силна а со самото тоа учествуваме во борбата против семејното насилство бидејки за многу жени токму економксата независност значи пат до слободата. Економски силна жена ке биде похрабра и ќе покаже нетолеранција кон насилство.“ – вели Крстеска.

Во Акциониот план кој произлезе од Стратегијата за поддршка на женското претприемништво предвидени се и обуки на жени почетници во бизнис, и на они кои веќе работат, а  им треба менторка поддршка. Ќе има и субвенции на традиционални занаети поддршка за руралната жена.

Новинар Соња Рилковска