Општина Охрид
Општина Охрид ги објави нацрт буџетските програми за 2024 год
Од општината ги повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општината.
Советот на општина Охрид на седницата одржана на 30.11.2023 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2024 година.
Донесените нацрт документи се ставени на јавен увид. Од општината ги повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 01.12.2023 год.
Нацрт програмите ТУКА.