Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева, објави градоначалникот Кирил Пецаков.
-За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел. Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка вредност, напиша градоначалникот во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.
10-годишната Ева од Охрид, храбро се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските), кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, поради што неопходно е итно лекување во странство во специјализирани центри. Во моментов Ева е примена во специјализирана клиника во Минхен, Германија.
Сите хумани граѓани можат да донираат според своите можности на платформата
и преку трансакциската сметка:
Комерцијална Банка: 300017123936746