општина охрид
Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи
Одлучено е 80 000 денари да се донираат на 21 годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба, а станатиот дел во износ од 53 000 денари ќе се донираат на Здружението на дијабетичари – Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ќе се донираат во добротворни цели.
Одлучено е 80 000 денари да се донираат на 21 годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба, а станатиот дел во износ од 53 000 денари ќе се донираат на Здружението на дијабетичари – Охрид.
„Упатувам апел за секој еден кој е во можност да донира за Мухамет да може повторно нормално да продолжи да живее.Одлуката за поставување на хуманитарни паркинг простори се покажа дека е повеќе од одлична. Имаме замисла овој проект во иднина да го надоградуваме.“, вели градоничалникот Кирил Пецаков.