Оваа година се навршуваат 121 година од Илинденското Востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ. Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.
Настаните ќе започнат четврток во 20.30 часот со обраќање на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, а ќе се положи и цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во село Велгошти. Свој настап ќе имаат учениците од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти, македонската виолинистка Сања Зјделар и танцовиот клуб „Соната“.
Во петок во градскиот парк во Охрид и во месноста Прентов мост ќе се положи цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците, а ќе се одржи и историски час и културно – уметничка програма во селото Плаќе во 10.30 часот.