Skip to main content

општина охрид

Општина Охрид објави ликовен и литературен конкурс за ученици од основните училишта

Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Ликовна творба

Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“.

-Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ВЕТЕРОТ И КАПКИТЕ ДОЖД ТАНЦУВААТ, КРАЛИЦАТА ЕСЕН ЈА ПРОСЛАВУВААТ“, велат од општина Охрид.

Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс „ВЕТЕРОТ И КАПКИТЕ ДОЖД ТАНЦУВААТ, КРАЛИЦАТА ЕСЕН ЈА ПРОСЛАВУВААТ“                                              

Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.

Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел, предмети и украси од пластика и хартија …..)

Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .

Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.

Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена. Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици.Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 15 дена од последниот рок за предавање на трудовите.

Повеќе информации на линкот.