Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид објави оглас за дозволи за дополнителен сезонски превоз на патници

Предмет на овој оглас е доделување на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници во летниот период за: 20 пакет линии Св Стефан, Лагадин и Градиште, од 01.07.2023год. до 31.08.2023 година.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-653/12 од 31.01.2022 година, Oпштина Охрид објави Оглас за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници.

Предмет на овој оглас е доделување на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници во летниот период за: 20 пакет линии со утврдено време и место на поаѓање за период од 01.07.2023год. до 31.08.2023 година за следните релации:

  1. Охрид-Славија(Св.Стефан)-Охрид;
  2. Охрид-Лагадин-Охрид и
  3. Охрид-Градиште-Охрид.

Јавниот оглас, Пакет линиите и останатата документација потребна за учество на овој оглас може да се повлечат електронски од веб страната на Општина Охрид ohrid.gov.mk.