Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид објави оглас за добивање право за поставување на билборди

Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 29.06.2023 година (четврток) до 13:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид го објави огласот за издавање локации за поставување рекламни паноа – билборди. Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр.14/22) и Записник од Комисија за одлучување по барања за поставување урбана опрема како дополнение на годишната програма за поставување урбана опрема бр. 09-629/2 од 17.01.2023 година.

Локациите за поставување на билбордите се дефинирани со вкупен број 34 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Булевар Туристичка; Булевар АСНОМ; на Ул. „Партизанска“ и Ул. „Македонски Просветители’’.

Деталната местоположба на микролокациите може да се види од графичкиот прилог кон Јавниот повик, а може да се подигне секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, од Одделението за јавни набавки при општина Охрид.

Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 29.06.2023 година (четврток) до 13:00 часот.

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на телефон> 046/262-492/493 електронска адреса: javni.nabavki@ohrid.gov.mk

Јавниот ОГЛАС во целост, графички приказ на локации и пријава за учество ТУКА.