Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со бројни свечености ќе ја одбележат годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов

Програмата почнува вечерва во 19:00 часот со приредбата за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“ во Центарот за култура „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со бројни свечености ќе ја одбележат годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов.

Програмата почнува вечерва во 19:00 часот со приредбата за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“ во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Свеченостите продолжуваат во понеделник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов и историски час во 11 часот во дворот на училиштето.

Во среда, 24-ти април, од 11:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен бистата на Узунов во градскиот парк, а на неговиот гроб во селото Цер кичевско ќе се одржи панихида.