Skip to main content

Здружение на професори по италијански јазик

Општина Охрид потпиша Меморандум за соработка со ЗПИРМ

Меморандумот се темели на взаемен интерес на Општина Охрид и здружението за остварување на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна соработка. Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура во Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателката на Здружението на професори по италјански јазик, ЗПИРМ м-р Бранка Гривчевска потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот се темели на взаемен интерес на Општина Охрид и на здружението за остварување  на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна соработка. Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура во Општина Охрид.

Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од образовен, културен, развоен, истражувачки и научен карактер, различни облици на научна, истражувачка и техничка помош, консултации и размена на знаења и искуства, организирање настани, работилници, тркалезни маси и собири.

Согласно потпишаното во тек е факултативна настава по италијански јазик во основните училишта: „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“. Станува збор за пилот проект финансиран од Општина Охрид, а наставата ја следат околу 100 ученици.