Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид: Смешни и несериозни се празните соопштенија на СДСМ Охрид

18 детски и повеќенаменски спортски игралишта се реконструирани и изградени во изминатите две години, реагираат од локалната на изнесеното во денешното соопштение од СДСМ Охрид.
 |  инфодеск  | 

Смешни се и во најмала рака несериозни сите празни соопштенија на ОО на СДСМ од Охрид, во кои се прозива оваа Локална власт, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и воопшто не се вредни за коментирање или одговор, стои во реакцијата на Општина Охрид на денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид во врска со состојбата на дел од детските и спортските игралишта.

“Но, денешното соопштение во кое за ситни политички поени се злоупотребуваат интересите на децата, го достигна врвот на неинформираност и дезорентираност на партиските писатели и нарачатели. Токму затоа во интерес на јавноста, со задоволство ќе одговориме на поставените прашања. „За вистински можности за правилен раст и развој на децата“ е парола која е основен мотив на сите реализирани инвестиции и проекти посветени на најмладите во нашата општина. Доказ за тоа е реконструкцијата и изградбата на 18 детски и повеќенаменски спортски игралишта со кои во голема мера е придонесено за подобрување на условите за рекреација и спортување во речиси сите населби и населени места на територија на општината, потенцираат од локалната самоуправа.” – велат од локалната самоуправа во реакцијата.

Оттаму потенцираат дека во текот на изминатите две години, подобрени се условите за рекреација на најмладите во населбите „Далјан“, „Рача“, „Гоце Делчев“ и „Лагадин“, на улиците „Крали Марко“, „Јане Сандански“, „Даме Груев“, во селата Пештани, Подмоље, Долно и Горно Лакочереј, во ООУ „Живко Чинго“ во Велгошти, во ООУ „Свети Климент Охридски“, ООУ „Братство“ Лескајца, во ООУ „Христо Узунов“, а во тек се работни активности за реконструкција на детски и спортски игралишта во селата Елашни и Косел и на улица „Карпош Војвода“.

” Оваа локална власт со несмалено темпо продолжува и во иднина да инвестира во сите сфери на живеењето во Општина Охрид, а детскиот развој останува еден од најзначајните приоритети. Драги господа од СДСМ аплаузите за реализираните проекти и остварените ветувања не ги очекуваме од вас, ги очекуваме од граѓаните, кои многу добро знааат кој работи, а кој пишува празни соопштенија и креира лажни вести” – стои во реакцијата од Општина Охрид.