Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде.
Познатиот пица мајстор на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник.
Му честитам за постигнатиот успех. Општина Охрид ќе го поддржи за претстојниот натпревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија – напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.