Општина Охрид креираше нова веб-страница – www.visitohrid.com.mk посветена на промовирање на туризмот и угостителството во нашиот регион. –Како дел од оваа иницијатива, ги покануваме сите сопственици на хотели, апартмани, приватни сместувачки капацитети, ресторани и винарии да се регистрираат и да ги презентираат своите бизниси пред пошироката публика, стои во соопштението од Општина Охрид.
Целта на оваа иницијатива е зголемена видливост и онлајн присуство, директна врска со потенцијални гости и клиенти, подобрени можности за маркетинг преку насочени промоции, учество во настани за вмрежување и соработка.
Овој повик е отворен за сите бизниси поврзани со угостителството и туризмот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: хотели, мотели и хостели, апартмани, куќи за гости и приватни сместувања, ресторани, традиционални меани и кафулиња, и винарии и места за дегустација на вино.
Краен рок за пријавување е 15 март, а за повеќе информации и поднесување на регистрација од Општина Охрид ја посочуваат меил адресата: maja.ivanchich@ohrid.gov.mk .