Се додека општината работи домаќински ќе ја има подршката од централната власт
Mинистерот за финансии Зоран Ставрески денес имаше работен состанок со Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави реализација на десетина проекти со пари од Владата и Светска банка.
Уште во текот на летото во Охрид ќе се реализираат десетина капитални проекти во вкупна вредност од над 4 милиони евра со поддршка од Владата и со реализација на проекти кои се обезбедени од Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други институции, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески кој денес имаше работен состанок со Градоначалникот Никола Бакрачески. Ставрески рече дека општината и понатаму се наоѓа во тешка финансиска состојба која е наследена, но подвлече дека Владата останува посветена во решавањето на ова прашање.
–Од Владата и од централните институции ќе дадеме целосна поддршка бидејќи гледаме дека општината го дава максимумот и работи домаќински. Ги намали расходите а и заштеди онаму каде што можеше, додаде министерот Ставрески.
Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека со помош на Владата и нејзината финансиска подршка ќе се решат клучни инфраструктурни проблеми во различни места во Општина Охрид.
–Со оглед на оваа финансиска состојба можностите за реализација на капитални проектои од страна на Општина Охрид се многу мали, па побаравме од министерот голем број од нив да бидат реализирани со помош на Владата на РМ и на државните институции, рече Бакрачески.
Инаку, Министерор Ставрески на новинарско прашање што се случува со реализацијата на проектот за изградба на комплексот во Љубаништа од страна на мултимилјардерот Субрата Рој кој моментално е во притвор поради проневера, кратко одговори дека нема промени.
{loadposition content9}