Општина Охрид објави интерен оглас за унапредување на 18 (осумнаесет) административни службеници.
Вработените во општинската администрација имаат рок од 5 дена да се пријаваат доколку ги исполнуваат условите да бидат унапредени за некое од следните работни места: Раководител на сектор за правни работи, Раководител на одделение за правни работи, Раководител на одделение за буџетска координација, Советник за обработка на податоци за буџетска контрола, Советник за седници на работни тела, Советник за анализа и спроведување на урбанистички планови, Советник за спроведување на урбанистички планови, Советник за администрирање на данок на наследство и подарок, Советник за администрирање со даноци, Советник за улична мрежа – двајца извршители, Советник за подготовка на документи и препораки за европски интеграции, Советник за соработка со УНЕСКО, Советник за соработка со млади, Советник за координација на активностите на градоначалникот, виш соработник за мониторинг и информирање на јавноста во Одделение за управување со отпад и регионални депонии, виш соработник за развој и унапредување на туризмот и угостителството, Самостоен референт за администратор.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Охрид кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при оценувањето за 2022 година,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место
во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен
интерниот оглас, - да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка за 2022 година.
Кон пријавата можат да се приложат и други докази: - потврди за успешно реализирани обуки и
- потврди за успешно реализирано менторство.