Skip to main content

Општински имот за кредит

За кредит за ЈП Нискоградба, општински имот.

 |  Маленкова Татјана  | 
zgrada _hipoteka_ kredit
зграда_хипотека_кредит

За кредитното задолжување на ЈП Нискоградба локалната како загол дава административно деловна зграда, обелоденуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

„Имено, на последната седница на Советот на општина Охрид, мнозинството во советот предводено од СДСМ Jovanka dameska Sekulovska усвои одлука со која како гаранција за кредитното задолжување од 6 милиони денари на ЈП Нискоградба се дава вториот кат на оваа административно деловна зграда, сопственост на општина Охрид. До кога локалната самопурава и мнозинството во советот предводено од СДСМ недомаќинското и расипничко трошење на јавните претпријатија ќе го покрива на товар на граѓаните“, вели советникот Јованка Дамеска Секуловска.

Дамеска додава дека повеќе од очигледно  е тоа дека не беа доволни поскапувањата на цените на услугите од страна на ЈП „Нискоградба“ и неколкумесечното неисплатување на платите на вработените во ова јавно претпријатие, по што сега на ред дојде заложување на имотот на општината кој им припаѓа на граѓаните.

„Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ апелираме до ЈП Нискоградба да престане својата неефикасност да ја лечи на сметка на граѓаните било како поскапување на цените или преку неинвестициони кредитни задолжувања кои се наменети за покривање на тековни потреби и подмирување на даночните обврски“, додава Секуловска.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ смета дека локалната самоуправа, градоначалникот Александар Петрески и мнозинството во Советот предводено од СДСМ немаат право да се однесуваат недомаќински спрема имотот на граѓаните, затоа што како што кажаа кога веќе не инвестираат во капитални добра од јавен интерес, барем нека не ги распродаваат оние кои веќе постојат.

{loadposition content9}