Оптимистички најави: Ќе се надмине недостигот на специјалисти педијатри
И покрај актуелниот проблем со дефицит на медицински кадар во земјава од Здружението на педијатри изразуваат оптимизам дека во иднина овој горлив проблем ќе се надмине или во најмала рака ќе се ублажи.
Расте интересот за специјализација на педијатрија, во моментов над стотина млади лекари се одлучиле за оваа гранка. За неколку години се очекува дел од нив да ги пополнат испразнетите места низ градовите во државава.
„Ние имаме многу специјализанти околу стотина специјализанти по педијатрија имаме, таа трае околу пет-шест години долго трае. Има некаде дефицит можеби тоа се периоди знаете каде што имаме луѓе кои одат во пензија а овие не се доизградени тоа се мали вакуми кои ќе се стабилизираат“, додава Јаќовска.
Дефицитот на доктори педијатри е најголем во југозападниот регион.Како што е веќе познато, во Струга има само пет педијатри специјалисти кои ги лекуваат децата од целиот регион на Охрид, Струга, Дебар и Преспа а детскиот оддел во Охрид повеќе од една година работи само како дневна амбуланта поради недостигот од педијатри. Според јаќоска иамо има иселување на стручниот кадар таа вели не секој одлучува да замине од земјава.
„Се е во склоп на економијата на една држава. Сега ние знаеме во која држава живееме, знаеме кој е стандардот на финансии. Не можеме да бараме нешто што е вон стандардот на државата. Секој сам одлучува каков квалитет на живот ке има не се само финансиите во прашање. Има многу дискутабилни прашања и не е тако леснод а се напушти земјата во која сме родени растени и живееме“, вели Јаќовска.
Изминатиот период хроничната кашлица кај децата е еден најчестите предизвици со кои се соочуваат детските амбуланти. Токму на оваа тема над 230 експерти од светот виекндов дебатираа на првиот симпозиум во Струга.
„Мора мултидисциплинарен тим, мора тимови да има, никој сам не може ништо да направи, можеме само заеднички. Самата заедница со останатите колеги од Балканот , меѓутоа и европската заедница се од големо значење за напредок на самата технологија процедури, терапии и тн“, вели д-р проф. Татјана Јаќовска претседател на Македонското педијатриско респираторно здружение.
Целта на симпозиумот, кој викендов се одржа во Струга,е да се разменат искуства за подобра дијагностика, поефикасен третман и лекување на најмладите пациенти.
Новинар Соња Рилковска