Kој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година
Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот. Охриѓани велат дека треба да се размислува за некоја друга форма преку која ќе се организира настанот.
Овогодинешното чествување на празникот Богојавление-Водици пропратено со голем број контрoверзии. На површина излегоа многу пропусти на Здружението Богојавление кое го организира настанот, а кои се провлекуваат години наназад. Незадоволството на членството и неговото осипување се се поевидентни, оваа година многу контроверзи имаше и околу начинот на избор на кум, на граѓаните се повеќе им пречи големата комерцијализација на настанот поради што се потиснува традицијата и се губи неговата автентичност, а згора на сето тоа оваа година и митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј отворено го нападна здружението велејќи дека сето тоа што го прават со активности по кафеаните е антицрковно, прашувајќи дали е тоа афримација на црквата?
За воља на вистината формирањето на здружението во 2003 год. донесе и позитивности. Од тогаш празнувањето на Водици во Охрид доби една организирана форма и масовност и како идеја беше прифатенa од граѓаните. Преку манифестацијата се промовираше и градот со што се привлекуваа гости од земјата и странство и тоа надвор од туристичката сезона. Но, со текот на годините идеите за подобро функционирање на здружението се црпеа па потпредседателот на Богојавление, Митко Пендов признава дека тоа е нивниот максимум и дека тие веќе го достигнале врвот.
Ние години наназад бараме нови идеи од граѓаните бидејќи оваа организација ги надмина нашите можности, вели Пендов.
Можеби треба да се навратиме години наназад кога во далечната 1973та година кога беше возобновено јавното фрлање на крстот беше организирано од страна на Црковен одбор. Можеби и сега треба да се размисли за една ваква организација на манифестацијата која пред се треба да биде црковно-народен собир. Можеби пак треба да се формира некое ново здружение во кое ќе има членови од сите делови на градот кои припаѓаат на различни парохии па така би се избегнале пропустите во делот на фрлањето и фаќањето на крстот. Како можен организатор на манифестацијата се јавува и Локалната самоуправа која впрочем во изминативе две години ги презеде сите активности околу организацијата на оние настани кои и претходат и ја збогатуваат манифестацијата Богојавление- Водици. Ставот на Локалната самоуправа и Градоначалникот Никола Бакрачески по ова прашање е следниот:
Доколку од нас побара МПЦ или Здружението „Богојавление“-Водици, ние сме подготвени во било кој облик да учествуваме во организацијата на манифестацијатаБогојавление-Водици. Дали Локалната ќе биде целосен организатор на настанот, спонзор или помагател зависи од тоа како ќе се договорат црквата и здружението.
За тоа кој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година уште од сега треба интензивно да се размислува и да се превземаат иницијативи било од здруженијата, од Локалната или од самите граѓани. На сите нас подеднакво треба да не засега како и во кое светло ќе помине настанот кој ја одбележува вековната традиција на Охрид.
{loadposition content9}