Организаторите на концертите во Охрид не ги почитувале прописите
Инспекторите од Државен пазарен инспекторат во контроли за врема на продолжениот празничен викенд констатирале низа пропусти и изрекле казни забрана за вршење на дејност на организатори на музички настани во Охрид.
Инспекторите од Државен пазарен инспекторат во контроли за врема на продолжениот празничен викенд констатирале низа пропусти и изрекле казни забрана за вршење на дејност на организатори на музички настани во Охрид.
Инспекторите од охридскиот Државен пазарен инспекторат имаа интензивни контроли во изминатиов продолжен празничен викенд. Охрид како туристичка дестинација, овие денови е привлечен не само за гости кои бараа разладување од горештените во езерските води туку и од фановите на бројни музички концерти од сите жанрови. Пазарните инспектори имаат полни раце работа на терен. Информираат дека извршиле 21 инспекциски надзор на правни субејкти кои се под нивна надлежност во текот на 4 дена, почнувајќи од петокот, саботата, неделата и понеделникот. Инспекторите издале 11 забрани за вршење на дејност на организатори на музички настани кои ги прекршиле важечките протоколи за заштита од корона вирусот и организирале забави во поранешна касарна, на градскиот стадион, на пливачкиот базен, спортскиот центар и пред охридски хотели. Утврдиле дека организаторите на музичките концерти не ги почитуваат законските мерки за заштита на населението од заразни болести кои се на сила , посетителите не носеле заштитни маски, не се одржувала дистанца и се надминал дозволениот капацитет на посетители. Издадени се 28 прекршочни платни налози на 14 субјекти, по една казна за правното и одговорното лице. На три угостителски објекти инспекторите им изрекле опомени за отстранување на констатирани недостатоци.
Инспекторите изрекле казни од кои се инкасирани во државната каса 43.100 евра во денарска против вредност.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека континуирано ќе работат и во претстојниот период, а охридскиот инспекторат ќе биде зајакнат со инспектори од другите подрачни единици од државата.