Skip to main content

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци.

 |  Валентина Неловска  | 
pazar
pazar

Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е  единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други  земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните  денес имаа можност да го дознаат  процесот како да  станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од  секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа.  

jabolko„ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во  канцеларијата за тоа како да дојдат до сертифицирани производи. Има услови  да произведуваат и се интерeсираат затоа е организирана  оваа едукативна работилница“, кажа Велјаноски.

За издавање сертификати на производителите од министерството за земјоделие овластена е Агенцијата Балкан Биосерт. Од таму ги споделуваат досегашните искуства за развој на органското производство во земјава. Напоменувата дека се поголем е интересот на разни видови земјоделци да започнат со одгледување на органски прозиводи. Засега имаат издадено околу 400 сертификати  на органски производители на храна и трговци. Најмалку интерес има кај производителите на градинарските култури,  напоменува директорката на Агенцијата Валентина Колар. Во нагорна линија оди и побарувачката за овие производи, но сепак органските прозивидители не ретко се принудени храната да ја продаваат по цена не повисока од конвенционалните производи. Што се однесува пак до цената  на производите таа  е достапна  за купувачите, уверува Колар Јованоска.

„ Органските производи се достапни за потрошувачите. Цените на органските производи не отстапуваат многу од конвенционланите производи, се продаваат поскапо но се достапни за потрошувачите. Посебно на домашните производители, оние кои се увезуваат за големите ланци маркети, ги  поскапуваат дополнителни трошоци, но се достапни“, вели Колар Јованоска.  
zelencuk
Малата побарувачка за ваков вид храна се лоцира во менталитетот  на граѓаните. Охридските еколози  сметаат дека граѓаните и покрај сите кампањи не размислуваат  за  консумирање на ваков вид храна..

„ Граѓаните, и прозводителите и конзументите, се скептични во тој дел. Таквиот начин предизвикува   и поголеми трошоци и поголемо внимание на производството, а за жал и едукацијата  на луѓето и покрај медиумската покриеност, не доволна. На пазарот не прашуваат што има внатре во јаболкото , доматот или пиперката туку на пазарот бараат да е убаво за око,“ вели Борис Стојаноски од ЕД Грашница.  

Во земјава производителите на органска храна се субвенционирани, а следен проект на владата е да ги субвенционираат и трговците, односно специјализираните продавници  каде што ќе се пласираат и продаваат тие производи.  

Засега само во Скопје има 3 до 4 продавници кои се специјализирани за продажба на органски произведена храна.

{loadposition content9}