Осцилации на водостојот на Охридското Езеро
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот е на кота од 693,30 м.н.в., над минимално дозволеното ниво од 693.10 метри, односно 7 сантиметри пониско од просекот за април кој изнесува 693,57 м.н.в. . Неколку дневниот период на дождови помогна да се стабилизира водостојот на езерото но сеуште покрај кејот може да се забележуваат мали островчиња со голо око.
„Состојбата константно варира, бидејќи во изминатиов период имаше периоди на дождови, меѓутоа немаше периоди со снег како изменатите години. Што значи дека снегот недостасува а дождовите делумно надохнадија од оној воден столб што наврнува во текот на зимскиот период“ – вели Ѓоко Зороски – екологист.
И повтроно, се зависи од пролетните врнежи и секако летото кое не очекува, бидејќи климатолозите велат дека влијанијата на климатските промени врз водните ресурси ќе имаат импликации врз целата земја, врз деловниот сектор, врз различни заедници, врз поединците и врз животна средина. Зороски потенцира дека веќе години наназад се провлекува прашањето за регулирањето на нивото на Охридското Езеро, однсно испуштањето на водите преку импровизираниот испуст на реката Црн Дрим кај Струга.Тој објаснува дека треба сериозно да се пристапи во осмислување и реализација на едно системско инфраструктурно решавање.
„Проблемот треба да се реши со тоа што ќе се направи еден софистициран испуст кај реката Црн Дрим во Струга. Имаше секакви предлози, дури може да се направи и праг кој што би го држел езерото на минималната кота, дефинираната коте 693,10 м надморска височина и тој систем да се замени со софистициран, кој би пресметувал колку моментално има вода во езерото и колку вода може максимално да се испушта во даден период“, – објаснува Ѓоко Зороски – екологист.
Овие далекусежни последици бараат повеќесекторски пристап и интегрирање на секторот води во сите политики за управување, мерки и планови за планирање на ресурсите. Исто така ќе биде потребна и прекугранична соработка за да се зголеми отпор- носта на водните ресурси кои се делат со други земји. Таквата соработка може да создаде можности за споделување на знаењето и искуствата и ќе овозможи истра- жување на определени мерки кои се поисплатливи. И малото количество снег кој наврна годинава, со порастот на дневните температури ќе започне да се топи и се очекува да ги интензивира водотеците на реките од сливот на Охридското Езеро, така што ситуацијата на водостојот на езерото веќе е во границите на нормалата.