Skip to main content

Претседателски избори 2024

Османи ветува Европска интергација на земјава во рок од пет години

Граѓаните имаат два понудени алтернативни концепти интеграција наспори изолација, соживот наспроти етничка недовреба и тензии, прогрес наспроти враќање назад, рече кандидатот за претседател на Коалицијата „Европскиот фронт“ Бујар Османи во своето обраќање пред охриѓани. Османи вети Европска интергација на земјава и тоа во рок од пет години.
 |  инфодеск  | 

Ова се специфични и историски избори. Граѓаните имаат два понудени алтернативни концепти интеграција наспори изолација, соживот наспроти етничка недовреба и тензии, прогрес наспроти враќање назад, рече кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи. Доколку ја добие довербата на граѓаните Османи  вети Европската интеграција на земјава и тоа во рок од пет години, вели во тоа ќе успее благодарение на знаењето, искуството и контактите што ги имал низ светот.

„Ја нудам интеграцијата во Европската унија и тоа во наредните пет години како заокружување на овие седум години напори да станеме ќленка на ЕУ како министер за надворешни рбаоти ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ како претседател можам да ветам дека можам да го заокружам тој процес до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ. Меѓутоа европскиот дронт нуди соживот наспроти опцијата која што бара 61 пратеник за да се исклучат другите. И денеска и порачав на мојата противкандидатка Силјановска дека барањето 61 пратеник е наспроти сите начела на соживот и мултиетничка демократија”, рече Бујар Османи кандидат за претседател  на Европскиот фронт.

Треба да прекинеме со говорот на омраза, нашата  држава може да биде богата , просперитетна и успешна само ако сите имаме еднакви права и можности, рече Османи.

„Да прекинеме со говорот на омраза, оваа држава може да биде богата, просперитна само ако сите имаме еднакви права и можности тоа го нудам јас како кандидат за европски претседател,соживот и еднакви можности за сите. Секое дете независно од кое семејство доаѓа од која етничка заедница сиромашни или богати, од село или од град да има исти можности да успее тоа е мојата понуда за што  ја барам поддршката”,  додаде  Османи.

Освен што вети интеграција на земјава во ЕУ за пет години отсега, Османи рече  доколку тој дојде на претседателското место во државата, ќе се залага и за одржување на партнерството со САД, целосен ветинг, економски рамковен договор и квалитетно образование. Османи својата програма ја претсави во Охрид и во Дебар, а вечерва ќе се претстави и пред стружани.

Новинар Соња Рилковска