Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона
Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона. За велигденските празници 80 проценти од хотелските капацитети се веќе резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат за изградба на нови хотелски капацитети, порачуваат туристичките водичи.
Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници.
„За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески.
Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички аранжмани има и за гости од Турција и Холандија, но и од Полска. Меѓу туристите на кои омилена дестинација им е Охрид се и посетителите од Бугарија. Петја Димитрова, туристички водич од оваа земја, вели дека Охрид е една од најомилените дестинации за патување на бугарските граѓани.
„Голем интерес има во Бугарија. Водиме групи за сите празници. Охрид е прекрасно место, ние сме блиски како народи и тука многу добро се чувствуваме,“ додава Димитрова.
Со класичната понуда градот е интерсен за туристите, но е потребно осмислување и на други содржини. Гостите кои еднаш го посетиле Охрид многу често повторно се враќаат. Затоа градот мора да работи на создавање на креативни понуди и интересни содржини и приказни, порачуваат туристичките водичи. Мора да создаваме приказни поврзани со традицијата и нашето минато прилагодени со модерните текови, напоменува Љупчо Јузмески туристички водич кој е во директен контакт со турстичките посетители и од прва рака најдобро ги знае потребите и очекувањата на странските посетители кои доѓаат во Охрид.