Skip to main content

Ученици од четврто одделение

Основци во посета на Општина Охрид

Основци од ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“ во посета на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Основци во Општина Охрид

Учениците од четврто одделение при OОУ „Христо Узунов“, OОУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“ денеска беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески и реководителот на Секторот за образование и детска заштита Димитар Спасески ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и главните општински симболи.

Основци во Општина Охрид

Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Општество.