Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и деветто одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет.
Љубопитните ученици поставуваа низа интересни прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.
Ученичките посети се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование.