Основците активно користат интернет и социјални мрежи
Основците активно користат интернет и социјални мрежи.
Охридските основци не заостануваат зад трендовите на нивните врсници во користењето на копјутерската технологија. Активно ги користат социјалните мрежи и компјутерските игри.
Учениците од ОУ Григор Прличев, денес, го посетија Инсиде интeрнет кафето кое како дел од активностите за прослава на 18-тиот роденден, издаде брошура за заштита на младите на интернет „Сурфај безбедно“. Користењето на дигиталната технологија кај децата е нивно секојдневие за едукација, дружење и забава. При тоа учениците поминуваат од 30 минути до 1 час дневно на компјутер.
Децата растат и живеат во дигиталната ера, но при тоа ги демнат голем број опaсности кои ги донесува технологијата. Тоа се најчесто социјалните мрежи, напоменува Марина Танасоска, наставник од ОУ Григор Прличев.
„Затоа сметам дека едукцијата нa децата од тие опaснoсти е важна. Би сакала во едукацијата да се вклучат и родителите и секако училиштето. Ние како училиште планираме едукативни работилници каде ќе се вклучат и родителите надвор од наставнaтa програма. Сметаме дека е исклучително важно не само за образованиетo туку и за секојднeвнотo живеење“, вели Танасоска.
Наставникот Танасоска укажува на потребата родителите да обрнат поголемо внимание како децата безбедно да го користат Интернетот. Да се информираат, да разговараaт со своитe деца и да побaраат стручна помош ако е потребно. Танасоска укажува и на зависноста од компјутерската технологија. Препорачува родителите да соработуваат со децата и да поставуваат правила за користење на компјутерот.