Основците од “Братство Единство“ќе симулираат работа на градски совет
Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во проект поветен на Денот на детето.
Осмоодделенките од турските паралеки во ОУ „Братство и Единство“, Селда Бајромска и Ебру Реџеп, учествуваат во проект поветен на Денот на детето. Тие ќе симулираат седница на градски совет. На дневен ред ќе имаат точка од областа на екологијата, насловена како „ Животната средина, проблемите и предлог решенија“. 23-ца основци со задоволство ја прифатиле оваа тема и учество на јавен настап по примерот на работата на Советот на општина Охрид. Во детскиот совет, основците избрале свој градоначалник, претседател и потпретседател, а имаат и позиција и опозиција.
„Сејда Бајрамоска вели дека нивната цел е да укажат на борбата и заштита на животната средина, на фрлањето отпад, на бучавата и другите видови отпад кои ја загадуваат животната средина.“
И Ебру Реџеп вели дека темата е многу интересна. Таа е од страната на опозицијата и мисли дека децата не знаат доволно за заштитата на животната средина. За подигање на јавната свест предлагаат да има повеќе вакви проекти и средби со преставници од институциите и еколозите “.
Проектот, симулација на работа на градскиот совет, што ќе се одржи вечерва во големата општинска сала, основците ќе го реализираат со поддршка на Здружението за промоција на хумани, културни, образовни и еколошки вредности, Синан Челеби.
Претседателката на Здружението, Хавза Реџеп Какељ, вели дека било вистинско задоволство да ги организираат и подготват основците за дискусија на тема од областа на екологијата.
„Децата во текот на школувањето имаат знаење, но сакаат што повеќе да осознаат и да ги прошират видиците за екологијата. Темата им е интересна, имаат решенија и предлози и покажаа голема активност во работат на проектот.“
Со овој проект Здружението „Синан Челеби“ им го доближува на децата управувањето со органите избрани од народот, а во контекст на одбележување на 23 април Денот на детето. Овој ден е посветен на децата и се слави во Турција од 1920 година на иницијатива на Мустафа Кемал Ататурк. По повод овој ден, членовите на здружението, вчера ја посетија болницата Св. Еразмо Охридски и подарија играчки на децата кои се лекуваат на детскиот оддел.
{loadpsoition content9}