Skip to main content

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Основците од  Коњско  се вратија во училишните клупи.

 |  Валентина Неловска  | 
школо
школо

Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води друг наставник, информира  директорот Стојаноски.  
школо
„ Тие бараат да се донесе уште еден наставник. Трите паралелки да не ги води еден наставник. Но, според Законот за формирање на паралелки е потребно минимум 17 ученици. Ние од Локалната самоуправа преку МОН имаме барање за новофинансирање за одделенски наставник, но од министерството немаме добиено одговор и учебната година ја почнуваме како и лани“,  Стојаноски.

Додека се добие одговор за вработување на одделенски наставник од ресорното министерство,  родителите може да бираат или мешани паралелки во подрачното училиште во Коњско или организиран ученички превоз до  централното училиште во Пештани.  Од  ОУ Св Наум Охридски заедно со државниот просветен инспекторат бараат компромисно  решение за настанатиот проблем. За децата да продолжат да учат во Коњска потребно е екстремно вложување на труд на двајцата одделенски наставници и организирање на наставата , вели Стојаноски.  
школо
„ Најдовме некое решение наставниците да вложат напори и првоодделенците да почнуваат покасно. Потешките предмети да ги има 2 и 3 одделение во првите часови, а потоа да продолжат со првачињата и ако треба 1- 2 часа да останат покасно. Најнова информација е дека локалната самоуправа ќе пушти  и волонтер наставник кој ќе работи во продолжен престој  за да им помогне на децата ако нешто не им е јасно“, кажа Стојаноски.
Стојаноски најавува  уште една средба со родителите за во петок  на кој ќе им бидат изнесени наставните планови за распоред на наставата и ќе се разгледаат останатите опции.

За настанатиот проблем во подрачното училиште во Коњско  од локалната самоуправа информираат дека согласно Законот нема можност да се ангажира наставник за чисти паралелки.  Доколку родителите не сакаат мешани паралеки тогаш децата ќе можат  да ги пуштат во централаното училиште во Пештани за кое тие обезбедуваат организиран превоз.  Од ЛС велат дека доколку и понатаму опаѓа бројот на учениците запишани во првоодделение ќе мора да се применува рационализација на работните места. Охрид припаѓа на општините каде што има превработеност на наставниците според бројот на  ученици, нагласуваат од Локалната самоуправа. Засега ЛС прави напори да нема технолошки вишок на вработените но доколку од МОН инистираат на рационалиција таа еден ден ќе мора да се применува, додаваат од одделението за образование при ЛС. 

{loadposition content9}