Основците од ОУ „Братство Единство“ по повод 23 Април – денот на децата вчера организираа Шарен Базар.

Од школото информираат дека учениците од прво до деветто одделение подготвија разни јадења и рачно изработени украсни предмети, кои беа изложени на штандови во училишниот двор.

-Настанот се одвиваше во празнична атмосфера и предизвика голема возбуда кај учениците и родителите. Базарот понуди живописни сцени – учениците ги претставуваа своите производи, се забавуваа и уживаа во радоста на споделувањето. Наставниците и родителите масовно учествуваа, што го зајакна чувството на заедништво и солидарност, велат од школото.

Во текот на базарот, учениците преку традиционални игри, танцувајќи со музика уживаа во различни изненадувања. Преку овој значаен настан децата ја искажаа својата креативност.
