Skip to main content

Основците оптоварени со обемна настава, зачинета со стрес од екестерното оценување

Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците.

 |  Валентина Неловска  | 
училиште
училишта

Бројните реформи спроведени во образовниот систем не донесоа ефектни промени во наставните планови и програми за децата, нагласуваат професорите, родителите и учениците. Основците се оптоварени со обемна наставна содржина, без пракса зачинета со стрес од екестерното оценување. Ова се дел од размислувањта на сите директно засегнати субјекти од  наставните програми во образовниот процес.  
Учениците во трето оделение по предметот Запознавање на општеството учат за градскиот совет, функцијата на градиначалникот или претседателот на Совет, а никогаш не биле во посета на овие институции. За децата на 10 годишна возраст ваквата наставна содржина  е апстрактна и тешко разбирлива. Ова е само еден пример со кој основците се сретнуваат во наставниот процес.
Осмооделенецот Ангел Трајкоски преставник на класната заедница вели дека учениците имаат предмети со обемна и неразбирлива содржина, со мал број на часови за вежбање на материјалот и бараат повеќе практична настава.
училишта
Учениците, покрај тоа што се оптоварени со обемна и неразбирлива содржина, се соочуваат и со недостаток од воспитната компонента која недостасува во образовниот систем. Родителите апелираат  до сите креатори на политиката во образованието дека се потребни  промени и во овој сегмент.
Моменталните состојби во  образованието ги загрижува родителите, но и наставниците. Сите се прашуваат што  учат децата, колку се квалитетни наставните програми и колку учениците се обучуваат вистински за предизвиците во 21 век. Во текот на оваа учеба година стручните служби во ОУ „ Св Климент Охридски“ спровеле истражување на три целни групи родители, ученици и професори. Извлекле  одредени заклучоци, вели директорката Славица Илиќ.

„ Основците се оптоварени со обемна настава, поголем број на предмети, огромен фонд на часови и информации не соодветни за возраста на учениците. Од друга страна пак се чувствува запоставеност на воспитната компонента во  образованието“.

За квалитетот на наставните планови и програми  се организираше дебата во ОУ „ Св.Климент Охридски“.        На средбата учествуваа преставници од  Министерството за образование, од Бирот за равој на образованието, стручни соработници, родители, професори од охридските и струшките основни училишта.
Дебатата имаше за цел да се даде критички осврт на образованиот процес.

{loadposition content9}