Основците во посета на полициската станица од Охрид
Сто и триесет ученици од основното училиште „Григор Прличев“ денес во 14 часот ќе ја посетат полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.
Сто и триесет ученици од основното училиште „Григор Прличев“ денес во 14 часот ќе ја посетат полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид.
Целта на посетата која ќе се реализира по барање на ова основно училиште е запознавање на работата на полициските службеници поврзана со безбедноста во сообраќајот како и запознавање на материјално-техничките средства и опрема што сообраќајната полиција ја користи во секојдневното извршување на работните задачи.
Ваква посета на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, ќе се реализира и на 10-ти месецов кога согласно школската настава, полициската станица ќе ја посетат четириесет ученици од петто оделение од основното училиште „Григор Прличев“.
{loadposition content9}