Основниот суд во Охрид на Судскиот Совет на РСМ ќе му предложи 40 кандидати за избор за судии – поротници за време од 4 години.
Заинтересираните кандидати за избор за судија – поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во чл.42 ст.2 од Законот за судовите (Сл. Весник на РМ бр. 58/06, 62/06, 35/08, 150/10, 84/18 и 198/18 и Сл. Весник на РСМ бр.96/19), и тоа:
„За судија – поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија со :
- завршено најмалку средно образование,
- кој активно го владее македонскиот јазик,
- ужива углед за вршење на оваа функција и
- кој не е постар од 60 години.“
За судија – поротник НЕ може да биде избрано лице кое: - со судијата или судијата – поротник во ИСТИОТ суд е во сродство во – права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар,
- ниту лице кое со член на Судскиот Совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.
Заинтересираните кандидати потребно е кон пријавата ( која можат да ја подигнат на приемната писарница или да ја симнат од Web страната на судот) да приложат, во оригинал или копии во заверен препис на нотар:
o Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
o Уверение за завршено образование;
o Потврда од казнена евиденција;
o Изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија – поротник во Основниот суд во Охрид и со член на Судскиот Совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
Кандидатите, документите да ги достават до Основен суд Охрид, ул. Македонски Просветители бр.8, Охрид, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот.