Skip to main content

Основното училиште Св. Климент Охридски го одбележа патрониот ден

Основното училиште Св. Климент Охридски го одбележа патрониот ден. Учениците од ова општинско училиште се едни од најуспешните во гардот по постигантите резулатти. Предизвик на менаџерскиот кадар е да се продолжат во континуитет досегашните резултати во наставата.

 |  Валентина Неловска  | 

Со богата културно уметничка и забавна програма основното училиште Св. Климент Охридски го одбележа патронатот. Во програмата учествуваа ученици од 1,3 , 5, 7 и 9 одделение, училишниот хор и оркестар. Учениците и наставниот кадар од општинското основно училиште меѓу двата патронати постигнале бројни успеси освојувајќи награди и признанија по предметната настава, од областа на културата, литератураата, ликовните твроби и спортот. Предизвик на Наташа Танеска директор на ОУ е да се постигнуваат и понатака врвни резулатати во наставно образовниот процес.
„Да го продолжиме континуитетот на сите мои претходни колеги она што го правеа и да продолжиме да го зголемуваме бројот на ученици. Нашето училиште да и понатака да е едно од најдобрите во градот“, вели Танеска.

Постојано расте бројот на ученици кои се запишуват и своето образование го стекнуваат во ОУ Св Климент Охридски. За успесите се грижи наставен кадар кој постојано ги следи обуките, семинарите, како и стручни лица кои работат на инклузија на децата со посебни потреби.

„ Во нашето училиште од лани има инклузивен дефектолог кој работи со ученици кои имаат посеби потреби. Тие се вклучени во редовна настава ,а со помош на инклузивниот дефектолог сите пречки се надминуваат со соработка меѓу учениците и наставниците и сме во континуитет на подбрување. Имаме сензорска соба која е со цел да им помогне на учениците да се вклучуваат во наставата “, посочува Танеска.

Основното училиште ја одржува и предновогодишната продажна акција која традиционално се организира, а собраните средства имаат намененски карактер при организирање на натпревари и патувања. ОУ „ Св. Климент Охридски “ брои 350 ученици од 1 до 9 одделение во централното и поддрачното училиште во Далјан, и во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо Охридски.