Skip to main content

Образование

Осовременување на наставниот процес во ООУ „Св. Климент Охридски“ со 10 нови смарт табли

Во наредниот период секој наставник ќе оддржува јавни часови со примена на дигитални соджини за интерактивна настава.
 |  инфодеск  | 

ООУ „Св. Климент Охридски“ набави 10 смарт табли во износ од 390 000 денари, инвестирани средства од општина Охрид, планирани во годишната развојната програма на училиштето.

-Со тоа OOУ„Св.Климент Охридски” стана и вистински образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосна дигитализирана настава, што ќе придонесе поголем квалитет и поголема мотивираност за вклучување на учениците во настава. Оваа дигитализација на училштето беше долгоочекувана желба на наставниот кадар и менаџментот на училиштето, така што веќе 90 проценти од училишните простории се комплетно дигитализирани, вели директорот Јордан Пуроски.

Додаваат дека по завршувањето на обуката на наставниот кадар, наставните содржини во OOУ„Св.Климент Охридски” ќе се реализираат исклучиво во дигитална форма, пришто во наредниот период секој наставник ќе оддржува јавни часови со примена на дигитални соджини за интерактивна настава.