Поради оштетена цевка при градежни работи без вода неколку улици во Охрид
Поради оштетување на водоводна цевка со голем профил, делови од Охрид денеска ќе останат без водоснабдување во текот на неколку часа.
Според информациите од ЈП Водовод Охрид, при изведување ископ од страна на градежна компанија за изградба на станбен објект на улицата „Асном“, оштетена е цевка со профил ф 350 мм. Прекинот започнал од 14:00 часот и ќе ги зафати корисниците на улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, „Галичица“, дел од „Асном“, дел од булевар „Туристичка“, „Карпош Војвода“ и дел од „Лазо Трпоски“.
Од ЈП Водовод Охрид информираат дека нивните екипи се веќе на терен и активно работат на санација на дефектот, со цел водоснабдувањето да биде нормализирано во најкраток можен рок.


