Skip to main content

Оштетена тартан патеката

Многутонските камиони кои го пренесуваат озвучувањето и опремата за концертите на стадионот Билјанини извори, ја оштетуваат најдобрата тартан-патека во Македонија, укажуваат од атлетскиот клуб Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
tartan
тартан

Не се штеди тартан-подлогата на стадионот Билјанини извори. Дел од оваа подлога на неколку места е оштетена. За настанатите штети, до ЈП „Билјанини извори“ реагираат од АК Охрид. Како што за ТВМ изјави тренерот Влатко Димитров, тие бараат да се води поголема грижа од страна на ЈП за нејзиното одржување.

vlatko„Патеката наша е одлична, брза, квалитетна, меѓутоа не се штеди од страна на некои други фактори, пример ако има музички настап не се штеди патеката се влечат огромни звучници и на многу места е оштетена патеката од тие звучници како и од камионитие, многутонски камиони влегуваат внатре и нормално не можи да издржи основата.“– вели Димитров.

Од ЈП Билјанини Извори не негираат дека дел од патеката односно тартанот е оштетен, според нив тоа се случило уште за време на првиот концерт кој се одржал по пуштањето на патеката во употреба во 2009 тата година. Од таму додаваат дека од тогаш  помалите оштетувања се направени од пречките кои ги поставуваат атлетичарите. Камиони не поминуваат преку патеката категорични од ЈП. Опремата за концерти се пренесувала со мали вилушкари и доколку увидат дека тие имаат негативно влијание врз тартанот нивното движење ќе биде забрането.
tartanНо, покрај оштетувањата, од она што го регистрира нашата камера може да се добие впечаток дека на патеката и е потребно почесто тековно одржување.
Од Билјанини Извори тврдат дека редовно ја чистеле патеката минимум еднаш месечно. Додаваат дека и досега и во иднина ќе преземаат се што е потребно оваа скапа атлетска патека да биде во најдобар ред. Летната сезона е пред нас, време кога познати музички имиња одржуваат концерти на стадионот. Да се надеваме дека раководството на ЈП нема да дозволи оштетувања на 500 илјади евра вредниот тартан. Колку за потсетување во 2009та година  од Атлетската федерација на Македонија го предупредиле јавното претпријатие и градот Охрид, да ги преземат сите мерки за заштита на  патеката за време на концертот на „Бело дугме“ но сепак дојде до оштетувања.

{loadposition content9}