Skip to main content

ЈПКД ДЕБРЦА

Оштетена водоводната мрежа во Подмолје, населеното место без водоснабдување

Од претпријатието додаваат дека денес ќе се постави ново црево во должина од 400 метри, но и дека ова е само привремено решение кое ќе трае околу две недели, сè до конечно и трајно санирање на проблемот.
 |  инфодеск  | 

Јавното претпријатие за комунални дејности Дебрца ги известува жителите на населеното место Подмолје дека изведувачот на патот, компанијата СиноХидро, во неколку наврати (вкупно 5 пати) ја оштети водоводната мрежа, поради што населеното место остана без водоснабдување.

-И покрај нашите укажувања и претходни интервенции, вчера повторно беше предизвикано оштетување кое го саниравме, а денеска е констатирано дека е повторно е скинато црево, реагираат од ЈПКД Дебрца.

Со цел да се обезбеди редовно водоснабдување и да не се повторуваат вакви прекини, од претпријатието информираат дека денес ќе се постави ново црево во должина од 400 метри, надвор од трасата на градежните работи. Ова претставува привремено решение кое ќе трае околу две недели, сè до конечно и трајно санирање на проблемот.