Skip to main content

По невремето во Охрид

Оштетени кровови и поплавени објекти, најголеми штети врз земјоделските култури

Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112. Покрај надминување на проблемот со поплавените улици и домови, допрва општината ќе ги утврдува штетите врз земјоделските култури
 |  инфодеск  | 
Пецаков кризен штаб

Поројниот дожд и градот кои го зафатија Охрид ги поплавија улиците и на многу локации водата навлезе во приземни простории и подруми на повеќе објекти. Граѓаните добија помош од јавни претпријатија за исцрпување на водата со пумпи.

На терен излезе комисијата за проценка на штети. Се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите, кажа градоначалникот Пецаков по заседавањето на кризниот штаб.

„Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќи се оштетени крововите и е дојдено до поплавување. Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго.“ – кажа Пецаков.

Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112. Покрај надминување на проблемот со поплавените улици и домови, допрва општината ќе ги утврдува штетите врз земјоделските култури.

„Очигледно штетите се многу поголеми на земјоделските површини и она што во Охрид традиционално охридската цреша веќе беше период за берење,а понатаму и за продажба.Допрва ќе се формираат комисиите на кои ќе се одлучува колкави се штетите и верувам дека тука ќе бидат најголеми штетите“. – изјави градоначалникот Пецаков.