Skip to main content

Државна матура

ОСУ „Св. Климент Охридски“: Искрено жалиме за настанатиот проблем со нашата ученичка

Од охридската гимназија велат дека на ученичката ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија.
 |  инфодеск  | 
Гимназија Охрид

Во врска со денешните случувања околу полагањето државна матура како институција засегната во случајот со нашата ученичка сакаме да ја информираме јавноста дека искрено жалиме што се случува ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите, се вели во соопштението кое од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го објавија на нивната веб страна. Ова доаѓа откако ТВМ и низа други медиуми во државава објавија дека матурантка од охридската гимназија ја немало на списокот за државна матура, со што и било ускратено правото да полага.
„Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.“ – велат од гимназијата.
Додаваат дека на ученичката ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија.

Матурантка од Охрид обесправена, ја нема на список за полагање државна матура | Портал ТВМ (tvm.mk)